Овој месец нов ИПАРД оглас

04.02.2014 08:46

Земјоделците можат да се поготвуваат за нови инвестиции со користење на парите од ИПАРД. Новиот оглас се подготвува да биде објавен овој месец...

Набавка на трактори, опрема за лозови насад, ѓубрење и берба се инвестиции за кои земјоделците се најмногу заинтересирани .
 
Платежната Агенцијата почна со склучување на договори за кофинансирање по последниот ИПАРД оглас на кој беа достaвени 402 барања за користење на европските пари.
 
Со измените на условите прилагодени на потребите на фармерите за инвестиции во земјоделски стопанства имало 335 барања, а за  развој на руралните економски активности 53.
 
Според европските експерти со стекнувањето на поголемото искуство во земјите кориснички на земјоделските фондови драстично се зголемува и искористеноста средствата.
 
Методија Трајков