Мосул: Борбите меѓу Ирак и ИД го прекинаа водоснабдувањето

30.11.2016 10:57

Обединетите нации се подготвуваат за хуманитарна катастрофа зашто во зимскиот период многу бездомници ќе останат и без доволно храна и вода.

Борбата меѓу ирачките сили и Исламска држава го прекинаа водоснабдувањето за 40% од граѓаните во Мосул каде што живеат еден и пол милион луѓе. Како замена користат солена вода од бунарите која мора да се преврива за да биде безбедна за пиење.

Обединетите нации се подготвуваат за хуманитарна катастрофа зашто во зимскиот период многу бездомници ќе останат и без доволно храна и вода.

Во 6-неделната војна, војската успеа да преземе 40% од источниот дел контролиран од џихадистите. Исламска држава продолжува да го погубува населението, вклучувајќи и деца.