Почна истрагата за авионската несреќа во Колумбија
30.11.2016 12:17
Се шпекулира дали настанал технички проблем или леталото останало без гориво.

Започна истрагата за уривањето на боливискиот авион во централна Колумбија. Бразилските и колумбиските тимови ќе го бараат одговорот за причините за несреќата во пронајдените црни кутии.
Се шпекулира дали настанал технички проблем или леталото останало без гориво. Во авионот, во кој патуваше и бразилскиот клуб „Шапекоенсе“, загина 71 лице, а шестмина преживеаја, меѓу кои тројца фудбалери, еден новинар и двајца членови на екипажот.
