Изминува половина од предизборната кампања
Партиите продолжуваат со митинзите и со средбите со граѓаните. Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, митинзи ќе одржи во Виница и во Кочани. СДСМ и коалициските партнери програмата ќе ја претстават пред жителите на Пехчево и Берово.

Изминува половина од предизборната кампања. Партиите продолжуваат со митинзите и со средбите со граѓаните. Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, митинзи ќе одржи во Виница и во Кочани. СДСМ и коалициските партнери програмата ќе ја претстават пред жителите на Пехчево и Берово.
Демократската унија за интеграција ќе биде во Боговиње и Врапчиште, а Демократската партија на Албанците програмата ќе ја презентира во Тетово. „ВМРО за Македонија“ на средби со граѓани во Вевчани, Струга и во Ресен.
Коалицијата за промени и правда, одржа прес- конференција за загадувањето и уништувањето на шумскиот фонд. БЕСА вечер ќе одржи средба со жителите на Брвеница и Боговиње.
