Германски разузнавач им давал информации на терористите од ИД
30.11.2016 14:55
Уапсениот Германец со шпанско потекло преминал во исламската вера пред неколку години. Од април работел во специјалната работна група за надзор на членови на Салафистичкото движење во Германија.

Германската федерална агенција за заштита на Уставот соопшти дека 51-годишниот разузнавач, кој на интернет објавувал промотивни материјали за ИД и интерни документи на Агенцијата, не бил забележан од службите.
Уапсениот Германец со шпанско потекло преминал во исламската вера пред неколку години. Од април работел во специјалната работна група за надзор на членови на Салафистичкото движење во Германија.
Во моментов, во земјата се регистрирани 9.200 ултраконзервативни исламисти.
