ДПА ја претстави програмата во Боговиње
Мендух Тачи на митингот на партијата во Боговиње, Тетовско порача дека ќе бараат во идната влада да има само еден вицепремиер, кој ќе има право на вето на одлуките на владата. Не за да го блокира системот туку да овозможи рамноправен пристап на Албанците до здравстевниот, образовниот и пензискиот систем до сите институции и подеднакви услови.

Лидерот на ДПА и носител на листа во изборната единица 6, Мендух Тачи на митингот на партијата во Боговиње, Тетовско порача дека ќе бараат во идната влада да има само еден вицепремиер, кој ќе има право на вето на одлуките на владата. Не за да го блокира системот туку да овозможи рамноправен пристап на Албанците до здравстевниот, образовниот и пензискиот систем до сите институции и подеднакви услови.
„Ветото што се бара во институциите од ДПА не е вето од 15 или 16 век од времето на Османлиската империја. Тоа е вето во смисла на западноевропските вредности, во смисла на еднаквост не луѓето и прекинување на етничката дискриминација. Тоа бездруго ќе биде поддржано од Соединетите Американски Држави и од Европската Унија. Кога јас споменав на лидерската средба дека ова вето ќе мора да се реализира, лидерите Македонци рекоа дека тоа ќе го блокира системот и тој нема да функционира. Е како не го блокира системот функционирањето на министер македонец и ветото на заменик министер за внатрешни работи? Кога надвор од објектот запрашаа колку планира ДПА да поставува вето, 1.000 години? – не само додека се воспостави економска рамноправност, држава во која Македонците и Албанците донесуваат заеднички одлуки. Македонија во ЕУ и НАТО и нема проблем ќе го повлечеме ветото“, изјави Тачи.
Тачи истакна дека на овие избори имаат програма која се разликува од онаа на нивниот политички опонент, ДУИ и во која се залагаат за правична распределба на буџетот и инвестиции во западниот дел на земјава. Тој додаде дека доколку ДПА биде дел од власта ќе бара и нов закон за употреба на јазиците, односно на албанскиот јазик во Македонија.
„15 години со ред ни вели Али Ахмети, ја официјализирав употребата на албанскиот јазик, сега вели ќе го официјализирам јазикот. Не дека не сака, туку не го бива. Да се постигне тоа, според експертите, чини 440 милиони евра, затоа што не треба јас на шалтер да зборувам и македонски и албански туку тој што работи на шалтер треба да знае. Колку луѓе треба да вработиме со такво образование и треба да ги платиме двојно бидејќи имаат повеќе знаење од другите“, рече Тачи.
Лидерот на ДПА, потенцираше дека ќе се залагаат за членство на Македонија во Европската унија и во НАТО. Ние сме главни сојузници на САД и на НАТО и тоа треба да се искористи- рече Тачи.
Тој истакна дека на помалите партии не може да им биде забрането да дејствуваат, но оти секој глас за нив е изгубен глас за Албанците и порача дека ДУИ нема да може да манипулира со гласовите бидејќи меѓународната заедница е гарант на овие избори.
Фиљана Кока
