Јанукович нема да користи сила против демонстрантите
04.02.2014 09:18
Украинскиот претседател Виктор Јанукович нема да користи сила против демонстрантите и е подготвен ...

Украинскиот претседател Виктор Јанукович нема да користи сила против демонстрантите и е подготвен да одржи предвремени избори, ако не се најде мирно решение за кризата.
Според него, Украина мора да му каже „не“ на екстремизмот и поттикнувањето омраза зад коишто се крие борбата за власт.
Опозицијата и натаму останува на ставот дека оставката на Јанукович е неопходна за одржувањето предвремени парламентарни и избори.
Редовните претседателски избори треба да се одржат 2015 година, а парламентарните во 2017 година.
