Могерини: ЕК не предлага создавање европска армија

30.11.2016 15:52

По 2020 година ЕК планира да предложи адаптирана програма за научни истражувања во областа на одбраната...

Европската комисија не предлага создавање на европска армија, ниту пак единствена воена команда, изјави на прес-конференција високиот претставник за безбедносна и надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини, и додаде дека претставуваат предлог што ќе му помогне на НАТО и ќе ја направи организацијата посилна.

Претходно комисијата предложи создавање Европски фонд за одбрана. По 2020 година ЕК планира да предложи адаптирана програма за научни истражувања во областа на одбраната со буџет од околу 500 милиони евра годишно.