Коалицијата за промени и правда на средба со граѓаните во Гази Баба
Од оваа колација велат дека според програмата се планира создавање на рационална администрација која би била вработена во приватни компании, а кои би работеле за Владата и министерствата. На референдум ќе се одлучува за враќање на работно време од 7 часот.

Враќање на позорникарите, формирање една изборна единица, кратење на бројот на државните агенции и регулаторни тела, борба со корупцијата и носење на пакет на закони со кои што ќе треба да се подобри економскиот стандард на граѓаните, најавуваат од Колацијата за промени и правда. Доколку ја добијат довербата на гласачите, велат, компаниите домашните и странските ќе бидат третирани под еднакви услови, а младите ќе ги вратат во државата. Од оваа колација велат дека според програмата се планира создавање на рационална администрација која би била вработена во приватни компании, а кои би работеле за Владата и министерствата. На референдум ќе се одлучува за враќање на работно време од 7 часот.
Од Коалицијата за промени и правда ветуваат дека ќе направат реформа на казнената политика, велат за најмалку 50 проценти ќе ги намалат казните за физичките лица и фирмите. На гласачите им ветија дека ќе ги намалат и судските такси, кои според нив се доста високи. Предложија граѓаните да плаќаат симболична такса од 100 денари, зашто, велат, судството се финансира од државниот буџет.
Во нивната програма велат влезот на Македонија во ЕУ и НАТО се главен приоритет кој би се остварил уште во текот на четиригодишниот манадат. Третата опција е потребна зошто на Македонија и треба демократија, ред, поредок и сигурност, сметаат во Колацијата за промени и правда. Пред гласачите од општина Гази Баба порачаа дека ке формираат правна држава во која ќе нема поделби.
Дијана Ценевска
