Трајанов: За да се зачуваат шумите потребна е гасификација на Македонија
Коалицијата за промени и правда на плоштадот во Скопје на граѓаните им ја презентираше својата програма...

Коалицијата за промени и правда ќе работи на заштита на животната средината, на обнова и зголемување на шумските коплекси, заштита на водните ресурси и поттикнување на руралниот развој, порачуваат дека имаат мерки и проекти во програмата за намалување на загаденоста. Лидерот на Демократскиот сојуз и носител во првата изборна единица Павле Трајанов посочи дека за да се зачуваат шумите потребна е гасификација на Македонија.
Коалицијата за промени и правда на плоштадот во Скопје на граѓаните им ја презентираше својата програма. Меѓу приоритетите во програмата е и борбата против криминалот и корупцијата. Посочуваат дека со проектот наречен „Декри“ парите што ќе бидат одземени од конфискација на имоти ќе бидат поделени директно на граѓаните, а не во државниот буџет. Носителката на листата во третата изборна единица порача дека една од главните цели на Коалицијата е младите да создаваат во Македонија. Порача дека ќе се создадат европски услови, европски вредности и можност за европски живот во земјава.
Отворање на мали и средни претпријатија, изедначување на бизнис услугите како за странските, така и за домашните компании, минимална плата 300 евра, пензија 200 евра, намалување на бројот на пратеници во законодавниот дом, Македонија дел од Еевропската унија и НАТО, 100 денари такса за остварување права пред судот, намалување на казни за физички и правни лица за две третини и укинување на радиодифузна такса, се дел од приоритетите во програмата на Коалицијата за промени и правда.
Ана Јосифоска- Тодоровска
