Продолжува изборната кампања
Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи митинзи во во Демир Хисар и Битола. Предизборниот караван на СДСМ и Коалицијата „За живот во Македонија“ ќе биде во Пробиштип и Штип.

Политичките партии денеска, на единаесеттиот ден од изборната кампања за предвремените парламентарни избори, ќе ги претстават своите програми на средби со граѓани и на митинзи низ Македонија.
Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи митинзи во во Демир Хисар и Битола.
Предизборниот караван на СДСМ и Коалицијата „За живот во Македонија“ ќе биде во Пробиштип и Штип.
Демократската партија на Албанците митинг ќе одржи во Матејче, Коалицијата за промени и правда митинг ќе одржи во Кочани, а Алијансата за Албанците ќе одржат митинзи во Брвеница и Желино.
Изборната кампања почна на 21 ноември и ќе трае 20 дена, до 9 декември на полноќ.
