Авионот што се урна во Колумбија останал без гориво
01.12.2016 10:13
Пилотот повеќепати нагласувал дека има проблем и со електрониката и со горивото.

Снимките од црната кутија на авионот што се урна во Колумбија покажаа дека несреќата се случила поради недостиг од гориво. Пилотот повеќепати нагласувал дека има проблем и со електрониката и со горивото.
Само шестмина од 77 патници преживеаја. Во авионот патувал и бразилскиот фудбалски тим „Чапекоенсе“.
