Средните компании најмногу ќе вработуваат годинава
04.02.2014 09:31
Истражувањето на Агенцијата за вработување на Република Македонија (АВРМ) ...

Истражувањето на Агенцијата за вработување на Република Македонија (АВРМ) за потребата на вештини на пазарот на труд за оваа година, покажува дека најмногу ќе вработуваат средните по големина компании, и тоа 46,3% од вкупно очекуваните нови вработувања. Во малите фирми се очекува реализација на 30,4% од очекуваните вработувањата, додека пак големите фирми ќе отворат 23,3% од очекуваните работни места.
Набљудувано по региони, оваа година, најмногу работни места ќе се отворат во Скопскиот регион (40,2%), додека најмалку во Полошкиот (3%). Во Пелагонискиот регион се очекуваат 17,1% од очекуваните вработувања, во Источниот 13,8%, во Вардарскиот 10,3%, во Североисточниот регион с очекува да се отворат 6,2% од очекуваните работни места, во Југоисточниот 5,9% а во Југозападниот 3,5%.
Според степенот на образование, од очекуваните нови вработувања 10% ќе бидат за лица со завршено високо образование, 8,4% со лица со завршено средно и вишо образование, 61,6% ќе бидат со лица со завршено средно образование, а 20% со основно, покажува анализата на АВРМ.
