САД: Ветераните протестираат против палењето на американското знаме
И американското знаме во протестите против изборот на Доналд Трамп за нов претседател. Ветераните протестираа против палењето на националниот симбол, тоа го направија студенти од колеџот „Хемпшир“ во Масачусетс. Новиот шеф на Белата куќа најави ригорозни казни за вакви инциденти.

Слободата има цена, им порачаа на илјада ветерани на студентите на колеџот „Хемпшир“ во Ембрст, Масачусетс. Еден ден по победата на Доналд Трамп, студентите побараа управата да го спушти американското знаме на половина копје, а потоа и го запалија, бидејќи се незадоволни од исходот на изборите. Ветераните коишто се бореле и загинале под американското знаме со протести побараа колеџот повторно да го истакне знамето.
„Јас велам, подигнето го знамето! Подигнете го знамето! Подигнете го знамето!“
„Сакам да сфатат колку тоа сериозно ме повредува.“
„Служев во Ирак, бев ранет и поминав време во болница. Дојдов дома и нема шанса да дозволам на некој да ми го одземе знамето. Тоа ми значи многу мене и на моите браќа“, велат ветераните.
Претседателот на колеџот е свесен дека ветераните се повредени со овој чин, но се уште не го враќа знамето на јарболот.
„Имаме многу ветерани на колеџот и овој симболичен акт ги повреди нив и жителите во околината“, изјави Џонатан Лаш, претседател на колеџот „Хемпшир“ во Масачусетс.
Согласно одлуката на американскиот Врховен суд, дозволено е палење на американското знаме како акт на протест, но студентите не им го дозволија правото на протест на ветераните. Еден од студентите предизвика инцидент, кога застана пред ветераните на собирот и не им дозволи да се фотографираат. Колеџот „Хемпшир“ е еден од петте колеџи во САД на кои се изучуваат либерални науки и политика.
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп реагираше дека палењето на американското знаме треба да се казни со одземање на државјанството или со една година затвор.
Ирина Гелевска, постојан дописник од Вашингтон за МРТ
