ОПЕК ќе го намали прозиводството на нафта

01.12.2016 10:33

Дневното производство ќе се намали за 1,2 милиони барели, почнувајќи од јануари идната година.

Членките на Организацијата на државите извознички на нафта (ОПЕК) ќе го намалат производството на нафта за да расте цената на светските берзи.

Дневното производство ќе се намали за 1,2 милиони барели, почнувајќи од јануари идната година.

Ваквото решение на Картелот доаѓа по двегодишната ниска цена на нафтата, која беше речиси двојно поевтина во споредба со 2014-та година.