Обединетите нации бараат ослободување на Асанж

01.12.2016 11:22

Од 2012-та година, Асанж престојува во еквадорската амбасада во Лондон за да не биде уапсен и испорачан во Шведска каде што може да биде обвинет за силување.

Обединетите Нации го отфрлија барањето на Британија за преиспитување на Џулијан Асанж зашто земјата не обезбедила доволен број нови информации. За нив, основачот на Викиликс е жртва на „произволен притвор“.

Од 2012-та година, Асанж престојува во еквадорската амбасада во Лондон за да не биде уапсен и испорачан во Шведска каде што може да биде обвинет за силување.

Во САД е обвинет за објавување доверливи информации за владата.