Атина: Експлозија во ресторан, загина едно лице

01.12.2016 12:15

Во несреќата која што се случи во ресторан за брза храна и е предизвикана од истекување на пропан, животот го загуби една 42 годишна жена. Станува збор за вработена во ресторанот, која што во моментот на експлозијата се наоѓала во подрумските простории.

Голема експлозија одекна изутринава во центарот на Атина, во која едно лице загина, а петмина се повредени. Во несреќата која што се случи во ресторан за брза храна и е предизвикана од истекување на пропан, животот го загуби една 42 годишна жена. Станува збор за вработена во ресторанот, која што во моментот на експлозијата се наоѓала во подрумските простории.

Повредените се хоспитализирани и се надвор од животна опасност.

Експлозијата предизвика и голем пожар, во чие гаснење учествуваа 35 пожарникари со 15 возила. Предизвикана е и сериозна материјална штета на околните продавници и домови, а оштетени се и дел од паркираните возила и мотори.

 

Марија Котовска, постојан дописник од Атина за МРТ