Почна исплатата- пензиите зголемени линеарно за 5%

01.12.2016 13:17

Околу 300 илјади пензионери во земјава треба да добијат повисоки пензии за околу 700 денари.

Почна исплаќањето на ноемвриските пензии, зголемени линеарно за 5 насто. Околу 300 илјади пензионери во земјава треба да добијат повисоки пензии за околу 700 денари.

Со линеарното покачување изминативе години, просечната пензија сега е двојно повисока во споредба со 2006-та.  Според статистиката, просечната пензија во 2006-тата изнесувала 7.638 денари, додека сега таа сума достигнува над 13.000 денари.