Пожар во ОУ „Ј.Х.Песталоци“ во Скопје, повредени нема
01.12.2016 13:31
По интервенција на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, пожарот бил локализиран.

Во ОУ „Ј.Х.Песталоци“ во Скопје вечера попладне избувнал пожар на покривната конструкција. Повредени нема, а причинета е само материјална, соопшти денеска МВР.
По интервенција на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, пожарот бил локализиран.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје при што е пронајден дел од изгорена метла поради што постои сомнение дека пожарот е подметнат и дека е сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.
