Нови 37 инфицирани со ХИВ годинава, двајца починале

01.12.2016 13:04

Дури 40 насто од можните заболени со вирусот ХИВ во светот не ги прават соодветните испитувања. Денеска светот ја одбележува битката против оваа глобална болест.

Во Македонија во текот на годинава се регистрирани 37 нови случаи со ХИВ инфекција. Двајца од нив починале. Ова денеска на прес-конференција го истакна Звонко Миленковиќ, национален координатор за ХИВ/СИДА и директор на Клиниката за инфективни болести, кој рече дека во двата случаи станува збор за лица кои се регистирани во напредната задоцнета форма на болест, но кои кратко време по приемот на Клиниката, поставувањето на основната дијагноза на болеста и по отпочнувањето соодветен третман, завршиле фатално.

Посочи дека од 37 новодијагностицирани случаи, една третина се на возраст под 30 години, една половина се на возраст од 30 до 40 години, а има и на возраст над 40 години (21 процент). Од 37 новорегистрирани, 34 се од машки пол, а три од женски пол.

Дури 40 насто од можните заболени со вирусот ХИВ во светот не ги прават соодветните испитувања. Денеска светот ја одбележува битката против оваа глобална болест.

Во Скопје дводневен регионален состанок на Југоисточна Европа на кој учествуваат 50 претставници од 8 земји. Треба да формираат координативен механизам за борба против СИДА-та.