Жртви во пожарите во Тенеси

01.12.2016 14:26

Дел од жртвите биле пронајдени во хотел. Огнот почнал во близина на тематскиот парк Доливуд, основан од кантри пејачката Доли Партон.

Седум луѓе загинаа, а стотици објекти изгореа во пожарот во Тенеси. Илјадници граѓани се евакуирани од југоистокот на САД каде што се опожарени големи шумски предели во планински туристички регион.

Дел од жртвите биле пронајдени во хотел. Огнот почнал во близина на тематскиот парк Доливуд, основан од кантри пејачката Доли Партон.

26 активни пожари уништија околу 4.900 хектари земјиште во Тенеси.