Поголема социјална интеграција на децата со пречки во развојот

01.12.2016 14:57

Широк сокак во Битола денеска беше во знакот на заедничкото другарување на децата со пречки во развојот со своите врсници. Експертите со апел да се надминат предрасудите и да се зајакне битката за поадекватна социјализација во животот.

Без постојано минимизирање на актуелните проблеми со кој се соочуваат и основен образовен процес во специјални установи, нема вистинска социјална интеграција на децата со пречки во развојот, односно инвалидност. Засега главниот товар го ностат педагозите од единственото државно основно училиште од ваков вид, битолскиот Завод за рехабилитазиција „Кочо Рацин“. Тука интернатски се сместени 75 деца од земјава со наод и мислења категоризирани од соодветна комисија. Велат, постојано сме на терен, но точната бројка на ваквите деца не се знае. Вината ја лоцираат кај родителите кои сакајќи да ја избегнат реалноста права грешки при уписот на децата во редовните училишта.

„Ние не сме против инклузија на децата, но не таа да биде по секоја цена. Да се раководат родителите од правилникот кои деца можат да одат во редовно основно училиште, а кои деца заслужуваат соодветна стручна рехабилитизација“, вели директорката на Заводот за рехабилитизација од Битола „Кочо Рацин“, Маре Стојменовска- Мицевска.

Апел и до пошироката заедница. Ако од децата почнува вистинската социјализација тогаш подадената рака кон нив треба да биде континуитет, а не само во деновите кога се одбележува Меѓународниот ден, велат експертите.

„Да ја подигаме свеста дека сите ние сме исти и нема различности меѓу нас и да работиме да ги уриваме овие бариери како што е дискриминацијата и слично“, изјави дефектологот Андријана Шокларовска.

Во тој дух по девети пат и битолскиот Лајонс клуб „Кабадаја“, по Широк сокак во заедничко дефиле децата со пречки во развојот и нивните врсници од редовните основни училишта под мотото „Обоиме во пријател“.

Стевче Митревски