Иванов- Жбогар: Потребен е нов пристап на ЕУ кон Македонија

01.12.2016 15:17

Претседателот посочил дека е потребен нов пристап на Унијата кон Македонија, бидејќи досегашниот се покажал како непродуктивен и резултирал со ретроградни политички процеси во земјава.

Шефот на државава Иванов на средба со евроамбасадор Самуел Жбогар. Претседателот посочил дека е потребен нов пристап на Унијата кон Македонија, бидејќи досегашниот се покажал како непродуктивен и резултирал со ретроградни политички процеси во земјава.

Во однос на мигрантската криза, Иванов побарал пристап до базите со податоци за мигрантите и странски терористички борци, и посочил оти и покрај внатрешната политичка криза, Македонија покажала дека има стабилни институции.