Тачи: ДПА се залага за заменик- премиер Албанец со право на вето

01.12.2016 15:28

Критикувајќи ја Демократската унија за интеграција, Тачи рече дека ДУИ за време на својот мандат не презела и не завршила ниеден проект за Тетово каде живеат Албанци и каде, како што рече, сѐ уште се соочуваат граѓаните со недостаток на вода за пиење, загаден воздух, без канализација, без средени улици.

Лидерот на Демократската партија на Албанците Мендух Тачи, воедно и носител на листата во шестата изборна единица, на митингот во Тетово им се заблагодари на жителите на Тетово затоа што, како што рече, секогаш кога на ДПА и било најтешко, во Тетово добивале најголема поддршка и затоа што Тетово ја одржува во живот ДПА.

Критикувајќи го нивниот опонент- Демократската унија за интеграција, рече дека ДУИ за време на својот мандат не презела и не завршила ниеден проект за Тетово каде живеат Албанци и каде, како што рече, сѐ уште се соочуваат граѓаните со недостаток на вода за пиење, загаден воздух, без канализација, без средени улици.

„Токму улогата на вистински заменик- премиер Албанец ќе овозможи Тетово да стане модерен град со користење на средства од државниот буџет. Со победата на ДПА на изборите ќе се врати гордоста кај сите Албанци, а за да стигнеме до тоа нам ни е потребен гласот на народот. Гласот што нема да биде за ДПА, туку за некоја од помалите партии на Албанците, директно ќе оди за Груевски и Заев“, изјави Тачи.

Тачи посочи дека ДПА се залага за еден заменик премиер Албанец со право на вето односно да мора да има и негов потпис за да помине важна одлука на владата, особено од сферата на меѓуетничките, политички и економски односи.

„Само програмата на ДПА предвидува вистински издржано решение за проблемите на албанците овде. Ветото во институциите на системот е правото, модерно решение. Односно, едно фунцкионирање кое не доведува до целосна рамноправност со другите во раководењето со државата. Овој принцип ќе функционира исто како што сега мора да ги има двата потписа – и од заменик министерот и дополнителниот заменик министер. Другата заложба ќе биде запирање на економската дискриминација на албанците и простување на долговите од страна на државата. Доколку ја освоиме власта, на овој начин нема да може да се усвои буџетот без да има правична распределба, но и рамноправна распределба на пензиите, социјалната помош, кредитите и стипендиите“, рече Тачи.

На собирот на ДПА во тетово зборуваа и партискиот потпретседател Бардиљ Даути и кандидатката за пратеничка и претседателка на форумот на жени на ДПА, Мерале Ферати. Во рамките на предзиборните активности, ДПА организираше собир и во тетовски Порој. Изборната кампања ја продолжува во Матејче, кумановско.

 

Фиљана Кока