Нов студен бран во САД

04.02.2014 10:03

Две лица загинаа во новиот студен бран што ги погоди источните делови на САД...

Две лица загинаа во новиот студен бран што ги погоди источните делови на САД, поради што се затворени училиштата и илјадниците летови се откажани.

Според податоците на американската национална служба, снежната покривка во Филаделфија и Њујорк би можела да достигне 20 сантиметри.

Иако според прогнозите снегот се очекува да престане да паѓа, метеоролозите велат дека областа повторно ќе биде погодена од леден дожд и снег до вечерните часови.

Минатата недела во невремето што го погоди јужниот дел на САД загинаа најмалку 14 лица во сообраќајни несреќи, иако висината на снегот едвај достигна 5 сантиметри.