Собраниска делегација на молитвен појадок во Вашингтон
04.02.2014 10:13
На покана на американски конгресмени, делегацијата предводена од потпретседателката на Собранието на Македонија...

И оваа година собраниска делегација од Македонија ќе присуствуа на традиционалниот молитвен појадок во Вашингтон. На покана на американски конгресмени, делегацијата предводена од потпретседателката на Собранието на Македонија, Сузана Салиу, во чиј состав се и пратениците Силвана Бонева, Владимир Ѓорчев и Андреј Петров, од денес до 7 февруари ќе учествуваат на молитвениот појадок во Вашингтон.
Молитвениот појадок во Вашингтон е традиционален, национален американски собир што оваа година се организира по 62 пат, каде еден до друг седат разни функционери од целиот свет и се молат за благосостојбата и заемното пријателство.
