Времен сообраќаен режим на скопската обиколница

02.12.2016 08:39

Се вовоедува времен сообраќаен режим поради изведување градежни работи на потегот од клучката Сингелиќ до клучка Смилковци, што беше оштетен во поплавите од 6 август годинава.

На скопската обиколница од денеска се вовоедува времен сообраќаен режим поради изведување градежни работи на потегот од клучката Сингелиќ до клучка Смилковци, што беше оштетен во поплавите од 6 август годинава.

Градежните работи ги изведува Трансмет ДОО Скопје.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.