Собранието на Република Македонија отворено за граѓаните

02.12.2016 08:41

Се отвора можност граѓаните да ја разгледаат внатрешноста на зградата како значајно историско обележје на македонската државност...

Собранието на Република Македонија и денеска ќе биде отворено за посета од граѓаните поради зголемен интерес.

Со тоа, како што е наведено во сопштението на собраниската прес-служба, се отвора можност граѓаните да ја разгледаат внатрешноста на зградата како значајно историско обележје на македонската државност.

Посетителите ќе имаат можност да добијат одговор на нивните прашања.

Македонскиот парламент, вообичаено, е отворен за посета секој последен петок во месецот, а граѓаните кои се заинтересирани потребно е да се пријават на тел. 02/ 3113-683 или на е-маил [email protected], најдоцна пет работни дена пред посетата.