Тутун: Откупот го почнаа шест монополи

02.12.2016 10:21

Од десетте претпријатија кои склучија договори со тутунарите досега откупот го почнаа шест монополи. Според законот, доколку обезбедат финансиски средства, стартот на превземањето на тутунот од годинешнава реколта мора да го почнат најдоцна до 15-ти декември.

Од вкупно десет, досега шест монополи го почнаа откупот на тутунот. Другите четири имаат рок тоа да го сторат до 15-ти декември.

За безмалку 2 недели од отворањето на пунктовите откупени 2.800 тони тутун со просечна цена од 188 денари за килограм. Лани просечната цена за килограм изнесуваше изнесуваше 182 денари.

Вредноста на досега откупениот суров тутун е 540 милиони денари. Исплатата е веќе почната и платени се 35 проценти од преземениот род.

Реколтата годинава е со висок квалитет, а цената е добра, велат тутунопроизводителите.

Поголеми забелешки за проценка на класите нема. Побарувачката е поголема од понудата, па тутунарите очекуваат дека цената ќе расте, особено што на почетокот се носат пониските класи тутун а на крајот се предаваат најквалитетните.

 

Методија Трајков