Силите на Асад напредуваат во Алепо
02.12.2016 11:06
За прв пат од почетокот на војната, сите опозициски фракции се договорија да се обединат под името „Војската на Алепо“.

Според провладините медиуми во Сирија, силите на претседателот Асад напредуваат во источно Алепо. Противниците од групата ал-Ислам демантираат, нагласувајќи дека тие зазеле уште неколку згради во подрачјето.
За прв пат од почетокот на војната, сите опозициски фракции се договорија да се обединат под името „Војската на Алепо“. Бројот на жртвите во воздушните напади секојдневно расте.
