Одземена лиценцата на авиокомпанијата чијшто авион се урна во Колумбија
02.12.2016 11:36
Привремено е разрешено и раководството на Главната управа за цивилна авијација и на Службата за управување со аеродромите додека тече истрагата за авионската несреќа.

Боливиските воздухопловни власти ја укинаа на неодредено време лиценцата на авиокомпанијата „Ламија“, сопственик на авионот што се урна во Колумбија.
Привремено е разрешено и раководството на Главната управа за цивилна авијација и на Службата за управување со аеродромите додека тече истрагата за авионската несреќа.
Според првичните податоци, авионот останал без гориво. Само шестмина од 77 патници ја преживеаја несреќата.
