Бан Ки Мун се извини за епидемијата на колера на Хаити
02.12.2016 11:52
Епидемијата била предизвикана од непалски „сини шлемови“ кои фрлале отпад во река.

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун се извини за улогата на организацијата во ширењето на епидемијата на колера на Хаити во 2010 година.
Епидемијата била предизвикана од непалски „сини шлемови“ кои фрлале отпад во река.
И покрај извинувањето, ОН не сносат правна одговорност за случајот. Бан претстави план за финансиска помош на семејствата на илјадниците жртви.
