Учесниците на изборите доставија финансиски извештаи до ДИК
02.12.2016 12:10
Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ пријавила расходи од 43.961.384 денари. Според финансискиот извештај на здружената опозиција предводена од СДСМ, расходите од 10-ти до 30-ти ноември изнесувале 19.683.894 денари.

До Државната изборна комисија во законскиот рок до полноќ, финансиски извештаи за приходите и расходите за првите десет дена од изборната кампања доставиле сите коалиции и партии учесници на изборите на 11-ти декември.
Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ пријавила расходи од 43.961.384 денари. Според финансискиот извештај на здружената опозиција предводена од СДСМ, расходите од 10-ти до 30-ти ноември изнесувале 19.683.894 денари.
ДУИ како расходи пријавила 5.336.095 денари, а ДПА 433. 840 денари.
