13 гранкови синдикати со поддршка за Митрески

02.12.2016 12:15

Во Централниот регистар нема промена во раководството на ССМ...

13 гранкови синдикати со поддршка на Живко Митревски и неговата функција прв човек на ССМ. Велат дека ниту еден од нив не присуствувал на Советот, ниту некогаш разгледувале иницијатива за отповикување на Митревски.

Секретарот на Советот на ССМ, Методија Димовски на прес-конференција посочи дека со писмата од гранковите синдикати јасно се демантираат лагите на четирите гранкови синдикати кои заедно со министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска Ременски се обиделе да направат насилна смена на претседателот на ССМ Живко Митревски.

Во Централниот регистар нема промена во раководството на ССМ, а сите документи за кои велат дека се фалсификувани се предадени на Основното јавно обвинителство.