Воспоставена директна авиолинија Охрид- Цирих

02.12.2016 12:20

Според договореното меѓу ТАВ и „Германија флуг АГ“, авиокомпанијата ќе оперира еднаш неделно во зимскиот ред на летање за сезоната 2016/17, а тој бројот ќе се зголеми на двапати во неделата во текот на летото следната година.

Од 17-ти декември годинава ќе биде воспоставена директна авио линија од Скопје до Цирих со швајцарската авиокомпанија „Германија флуг АГ“, соопшти денеска ТАВ Македонија. Летовите ќе се реализираат во соработка со тур-операторот „Ер Приштина“, а билети веќе можат да се резервираат на интернет-страницата www.airprishtina.com.

Според договореното меѓу ТАВ и „Германија флуг АГ“, авиокомпанијата ќе оперира еднаш неделно во зимскиот ред на летање за сезоната 2016/17, а тој бројот ќе се зголеми на двапати во неделата во текот на летото следната година.

„ТАВ Македонија“ годинава евидентира и зголемен број на патници. Според податоците, во првите 10 месеци од 2016-та, во споредба со истиот период лани, има пораст за 16 отсто односно на двата аеродрома, „Александар Велики“ во Скопје и „Св. Апостол Павле“ во Охрид, е достигнат вкупен број од 1.534.591 патници.