Јавно обвинителство: Оформени 42 предмета за изборни нерегуларности
Досега врз основа на случени кривично правни настани се оформени вкупно 42 предмета. Од нив 20 се по службена должност, по допрен глас, 3 од физички лица, а 19 се од здруженија на граѓани, политички партии и институции, информираат од Обвинителството.

Во Јавното обвинителство е формирана Комисија за следење на изборните нерегуларности со задача да постапува во сите настани каде постојат индиции за сторени кривични дела.
Досега врз основа на случени кривично правни настани се оформени вкупно 42 предмета. Од нив 20 се по службена должност, по допрен глас, 3 од физички лица, а 19 се од здруженија на граѓани, политички партии и институции, информираат од Обвинителството.
Од таму со повик до сите што сметаат дека во некоја постапка има индиции за сторено кривично дело поврзано со изборниот процес, да достават пријава до Комисијата за следење на изборни нерегуларности на електронската адреса на Обвинителството- www.izbori.jorm.gov.mk и до сите надлежни основни јавни обвинителства.
