Европол ја растури најголемата мрежа за хакирање банкарски системи
02.12.2016 14:51
Над милион мејлови со вирус биле праќани неделно кон стотици илјади компјутери во 180 држави. Уапсени се пет лица.

По четиригодишна истрага, Европол ја растури најголемата хакерска мрежа за напади врз банкарски системи на интернет позната како „Лавина“.
Над милион мејлови со вирус биле праќани неделно кон стотици илјади компјутери во 180 држави. Уапсени се пет лица.
Во меѓувреме, руската федерална служба за безбедност соопшти дека странски специјални агенции од 5 декември планираат да извршат кибер-напади за да го дестабилизираат финансискиот систем.
