ДПА је претстави изборната платформа во Матејче

02.12.2016 15:19

Тачи посочи дека ДПА ќе се бори за простување на долговите на граѓаните пополнувајќи го буџетот, такашто ќе ги намали репрезентациите на политичарите. Пред присутните се обрати и носителот на листата во втората изборна единица Орхан Ибрахими...

Пред присутните членови и симпатизери во Матејче, лидерот на ДПА рече дека е горд што се наоѓа во кумановскиот крај. Се поклонувам, рече Тачи, пред Албанците кои дадоа жртва за да преживее албанската нација и албанската идеја. Никој не е совршен ама јас се разликувам од оној другиот зашто не се красам со туѓи перја, со заслугите на народот кој даде силен отпор. Ние настапуваме со конкретен план уверени дека со ваша помош ќе го оствариме зашто имаме екипа која ќе го направи тоа, додаде Тачи.

„Сите анализи говорат колку лоши ни се состојбите. Имаме проект и имаме голема помош од меѓународниот фактор за негово остварување. Како народ често не искористуваат за експерименти. Кумановските случувања со помошта на некои Албанци од власта беа силен експеримент. Момчињата Албанци кои извојуваа големи битки на Косово беа ставени во замка само за да се докаже дека владеењето на Али Ахмети и на Груевски е многу јако и ја гарантира безбедноста. Сите осуденици во овој случај треба да бидат ослободени за да одат на повторно судење, но не пред овие курумпирани и политизирани судии, туку кога ние ДПА ќе донесеме нови закони и реформи во судството. Кога сите судии ќе треба да влезат на рентгенот, не пред ДПА туку пред меѓународната заедница. И оние кои не зависат од политичарите и кои не беа замешани во овој случај ќе судат за кумановскиот случај, како и за Сопот и за Монструм и за други случаи. Исто така ќе амнестираме затворениците кои се затворени поради баналности, затоа што не платиле некоја казна, на пример, но нема да бидат амнестирани и тешките криминалци, тоа нема да се случи“, рече Тачи.

Тачи посочи дека ДПА ќе се бори за простување на долговите на граѓаните пополнувајќи го буџетот, такашто ќе ги намали репрезентациите на политичарите. Пред присутните се обрати и носителот на листата во втората изборна единица Орхан Ибрахими. Тој посочи дека за успешна иднина гарантор е екипата во која има експерти, знаење, достоинство и човечност, екипа со чист морал, која не се продава на Македонците. Но и дека Албанците не ги потчинуваат Македонците туку како што рече вазалите, ДУИ и Али, кои тргуваат со сто педесет илјади гласови давајќи му ги или на Никола Груевски, на Бранко или на други.

„Разговарајте со своите пријатели, роднини, браќа и сестри за да не погрешат да гласаат за малите „печурки“, малите партии бидејќи секој глас за нив е глас на сметка на Али, глас со кој ќе биде благосоловена расипаната политика, антиалбанската политика на Али Ахмети. Ја имаме 2012-та година зад нас. Земете ја како пример, 125 илјади гласови имале желба да го казнат Али Ахмети. Претворени беа десет мандати, 11 илјади гласови помналку. Али Ахмети, ДУИ имаше 114 илјади гласови, петнаесет мандати. Секое раситнување на гласовите, значи намалување на шансите за да биде соборен од власта. Секое раситнување значи слабеење на ДПА, забавување на реализацијата на платформата на ДПА“, изјави Ибрахими.

ДПА своите изборни активности ги продолжува во Желино.

Фиљана Кока