ДУИ во Дебар ја претстави програмата, побара максимална поддршка
Главни приоритети на Демократсаката унија за интеграција се евроатланската интеграција и правосудните реформи кои ги бара Европа. На 11-ти декември секој гласач ќе гласа за својата иднина и иднината на своите деца и за евроатланскиот пат на државата, рече лидерот на ДУИ.

ДУИ е најорганизираната и најсерозната партија која ќе добие максимална поддршка на албанскиот електорат, но и од помалите етнички заедници за решавање на значајни прашања, рече лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети пред жителите на Дебар, каде партијата ја претстави изборната платформа за претстојните парламентарни избори што треба да се одржат на 11-ти декември. Додаде, наша цел се стабилноста и сигурноста на земјата и релаксирани меѓуетнички односи, посебно меѓу Албанците и Македонците кои се најодговорни етнички заедници од што зависи напредокот на земјата. Главни приоритети на Демократсаката унија за интеграција се евроатланската интеграција и правосудните реформи кои ги бара Европа. На 11-ти декември секој гласач ќе гласа за својата иднина и иднината на своите деца и за евроатланскиот пат на државата, рече лидерот на ДУИ. Во своето обраќање тој им порача на присутните дека гласот на граѓаните за ДУИ останува правилна одлука.
„На ДУИ и припаѓаат сите вистински слободољуби, мирољубиви и демократи. ДУИ е политичка сила која донесува големи и тешки одлуки и тогаш кога некои мислеа дека сме донеле избрзани или прерани одлуки. Политичка сила односно политички водачи се токму оние кои донесуваат и големи и тешки одлуки. Една таква одлука ние донесовме и во изборна кампања и во овој изборен мандат, не сметајќи на тоа колку ќе ни донесе победа тоа, дали ќе изгубиме поради одлуките што ги донесуваме во раководството на дуи, туку нашата главна цел беше дали ќе продолжиме со решителност кон нашите стремежи и мисија. Благородна мисија, вистинска мисија за Албанците. Имајќи ги предвид дебарските дејци, дека многу наши сонародници работеле и се докажале со конкретни национални дела се консултирав и со раководни луѓе во Дебар и разговаравме како брат со брат, донесовме одлука дека ние треба да донесеме смели одлуки. Значи да продолжиме во духот на ДУИ и на нашите претци“, рече лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
За Демократската унија за интеграција, целта на победата, на добивањето на мандатот е да се решат важни прашања – изјави Ахмети. Рече дека ДУИ се соочува со предизвиците и ги решава проблемите. Со консензус мора да се решаваат сите економски прашања и со консензус мора да се носи државниот Буџет, со тоа ќе се испочитуваат волјата и интересите на Албанците, рече Ахмети. Додаде во новиот мандат Демократската унија за интеграција мора да работи и на подобрување на квалитетот на образованието, мора да работи на решавање на спорот со името, на почитување на Рамковниот договор. Пред присутните зборуваа и претседателот на Изборниот штаб Беким Незири, градоначалникот Ружди Љата и носителот на кандидатската листа на ДУИ за петтата изборна единица Агим Шаќири. Демократската унија за интеграција го смени ликот на Дебар, кој сега наликува на современа урбана средина, а видно ја подобри и патната инфраструктра која го поврзува градот со соседните градови, рече Шаќири.
„Локалната политика, вистинска и обединета во Дебар, придонесе градов да се промени. Придонесе да се унапреди и да се подобри во смисла на инфрструктурата. Во краткорочна перспектива ние како политичка партија ќе имаме подобри шанси такашто на Дебар ќе му биде овозможена инфраструктурална артерија како патот што ќе ја поврзува Тирана со Скопје. Се надевам дека тогаш со полна уста ќе кажеме дека го исполнуваме аманетот на нашите предци поврзувајќи ги легендарните градови со албанските метрополи. Верувам дека политиките на ДУИ се конкретни дејствија“, рече Агим Шаќири, носител на листата на ДУИ во ИЕ 5.
Говорниците пред присутните рекоа дека Демократската унија за интеграција продолжува да работи според принципот на градење и соработка. Единствениот пат е евроатлантскиот пат, патот кон ЕУ, кој не треба да биде спречен, бидејќи е пат кој ја обезбедува и ја зајакнува слободата, како и новата економија. Во своето обраќање, говорниците рекоа дека Демократската унија за интеграција продолжува да чекори по добро познатиот пат, интеграцијата на земјата во евро-атлантските структури, содавањето на социо-економските услови за граѓаните и градење на подобра иднина за новите генерации. Изборите на 11-ти декември се клучни, бидејќи се решава за големи прашања. Се решава дали ќе продолжиме по правиот пат, рекоа носителите на кандидаските листи на Демократската унија за интеграција. Да си ја завршиме нашата работа и да излеземе уште посилни – беше речено на собирот.
Наташа Јанчиќ
