Измените во законите за служба во АРМ и за стечај денеска пред пратениците

04.02.2014 10:46

Пред пратениците во Собранието на Република Македонија денеска на дневен ред се предлог-законот...

Пред пратениците во Собранието на Република Македонија денеска на дневен ред се предлог-законот за дополнување на Законот за служба во Армијата на Република Македонија и измените на Законот за стечај, двата по скратена постапка.

Со измените се предвидува најмалку 4.000 професионални војници по завршување на службата во АРМ и возраст од 45 години да бидат ангажирани во државните институции, а околу 3.000 стечајци да добиваат месечен надомест од 7.100 денари.