Димитриев- Калниете: Фер избори се единствен излез од политичката криза

02.12.2016 15:55

Оцениле дека се потребни фер и демокрартски избори, одговорно однесување на сите политички партии, почитување на изборните резултати, бидејќи е тоа единствениот начин за излез на државата од политичката криза и за продолжување на реформските процеси.

Премиерот за спроведување на изборите, Емил Димитриев, имаше средба со потпретседателката на Европската народна партија и член на Европскиот парламент, Сандра Калниете.

Оцениле дека се потребни фер и демокрартски избори, одговорно однесување на сите политички партии, почитување на изборните резултати, бидејќи е тоа единствениот начин за излез на државата од политичката криза и за продолжување на реформските процеси.

Потпретседателот на Европската народна партија Калниете, пак, ги поздравила напорите и успесите на Владата во делот  на  позитивните економски резултати и инвестициите потенцирајќи дека за Република Македонија од особена важност е по изборите, државата да продолжи со реформите и интегративните процеси.

На средбата станало збор и за менаџирањето на ефектите од мигрантската криза и потенцијалните предизвици кои постојат во идниот период, при што, се наведува, Калниете упатила благодарност до Република Македонија за одличното менаџирање со мигрантската криза, потенцирајќи дека Република Македонија се справи со мигрантската криза подобро и од многу земји членки на ЕУ.