СЈО: Судот повторно одби да издаде наредбa за пребарување на компјутерските системи кај телекомуникациски оператор

02.12.2016 16:23

Од СЈО велат дека целта на барањето е да се проверат записите во серверите, од кои може да се утврди кои сé телефонски броеви биле предмет на следење на комуникациите.

Специјалното јавно обвинителство информира дека Кривичниот совет при Основниот суд- Скопје 1 по втор пат одбил да издаде наредба за пребарување на компјутерските системи кај телекомуникацискиот оператор, со образложение дека брањето било нејасно и непрецизно.

Од СЈО велат дека целта на барањето е да се проверат записите во серверите, од кои може да се утврди кои сé телефонски броеви биле предмет на следење на комуникациите.

Советот како неоснована ја одбил и жалбата против решението на судијата за претходна постапка, со кое се одбило батањето за одземање компјутери од Управата за безбедност и контраразузнавање.