Коалицијата за промени и правда ја промовираше изборната програма во Аеродром
Трајанов, носителот на листа во првата изборна единица на Коалицијата за промени и правда, го промовираше проектот „Декри“ со кој, како што рече, се објавува војна против организираниот криминал.

Павле Трајанов, носителот на листа во првата изборна единица на Коалицијата за промени и правда, го промовираше проектот „Декри“ со кој, како што рече, се објавува војна против организираниот криминал. Нагласи дека после 11-ти декември за ова ќе бараат поддршка од сите политички партии застапени во Парламентот. Проектот предвидува нов закон и формирање на Агенција за борба против организираниот криминал и корупцијата, а конфискуваните пари да се вратат на граѓаните.
Од Коалицијата за промени и правда предлагаат и реформи во системот за безбедност, односно управата за бебедност и контраразузнавање да нема полициски овластувања и да се дислоцира од МВР. Предлагаат и формирање на оперативно технички центар под директна контрола на Парламентот. Велат дека дел од нивната програма е и враќање на позорникарите- полицајци во населбите. Носителот во втората изборна единица, ја очекува поддршката.
Од Коалицијата за промени и правда презентирајќи ја програма пред граѓаните од Аеродром, нагласија дека дел од нивните приорити се и младите да останат во Македонија. Од економскиот дел на програмата најавија и поддршка за земјоделците.
Ана Јосифоска- Тодоровска
