Продолжуваат препукувањата во ССМ

02.12.2016 16:41

13 од 17 гранкови синдикати не дале подршка за смена на Живко Митревски. Никогаш не ја разгледувале иницијативата за негово отповикување и нивни членови не присуствувале на седницата одржана на 13-ти номеври...

Секретарот на советот на Сојузот на Синдикати тврди- 13 од 17 гранкови синдикати не дале подршка за смена на Живко Митревски. Никогаш не ја разгледувале иницијативата за негово отповикување и нивни членови не присуствувале на седницата одржана на 13-ти номеври.

Димевски тврди- отворени се постапки против, според него, самонаречениот в.д. престседател и друга за фалсификување печат. Секретарот тврди решението во Централниот регистар е стопирано, документите предадени на јавното обвинилтсво.

Реагираше в.д. претседателот на ССМ, Дарко Димовски. Во писмениот допис вели- поднесена е кривична пријава против Митревски, две лица вработени во Централниот регистар и в.д. директорот на оваа институција. Обвинува дека Митревски наводно поднел лажна кривична пријава против лица од синдикатот и од министерството за труд и социјала и со таквите дејствија ги поттикнал директорот и регистраторите да не постапат по решението од министерството за негово отповикување. Димовски вели-Митревски вчера доставил бланко писмо до неколку претседатели на гранкови синдикати во кое барал бланко подршка.

Со писмото тој бара од претседателите на синдикатите бланко поддршка, заборавајки дека тие не се членови на Советот на ССМ и немаат право на глас- стои во реакцијата на в.д. престедателот на ССМ Димовски, според кој ова не се докази со кои може да се оспори лигитимната одлука за отповикување на Митревски.

Сузана Фиданска- Стоевска