Матео Ренци ќе поднесе оставка по убедливиот пораз на референдумот
Според државната италијанска телевизија РАИ, за реформите гласале 42,4 отсто од Италијанците, додека 54,6 отсто од гласачите биле против.

Италијанскиот премиер Матео Ренци нјави дека денеска ќе поднесе оставка, по убедливиот пораз на референдумот за спроведување уставни реформи во Италија.
Според државната италијанска телевизија РАИ, за реформите гласале 42,4 отсто од Италијанците, додека 54,6 отсто од гласачите биле против.
На прес-конференцијата одржана ноќеска, Ренци ја прифати врз себе одговорноста за поразот и им порача на групата партии што ја предводеа кампањата „не“ да објават каква сакаат да изгледа реформата во државата.
Јас загубив, а не вие. Верувам во демократијата и во Италија. Среќно за сите нас, изјави Ренци, најавувајќи дека во текот на денешниот ден, на седницата на владата ќе ги извести министрите за своето повлекување од премиерската функција.
Ренци, кој е лидер на Демократската партија, настојуваше да спроведе потемелна реформа во политичкиот систем во Италија, со намалување на големата бирократија и во обид да ја направи земјата покомпетативна.
