Австрија: Победата на Ван дер Белен добра за европското единство
05.12.2016 10:20
Изборот е поздравен и од умерените политичари во Европа кои сметаат дека се поразени и популистичките сили кои сакаат да ја ослабнат Европската унија.

Австриската Партија на слободните и нејзиниот кандидат на претседателските избори Норберт Хофер го признаа поразот од победникот Александер Ван дер Белен. Изборот е поздравен и од умерените политичари во Европа кои сметаат дека се поразени и популистичките сили кои сакаат да ја ослабнат Европската унија.
Функцијата претседател во Австрија има само симболично значење, но трката предизвика големо внимание поради очекувањата дека по победата на Трамп во САД и изгласувањето на референдумот за излегување на Велика Британија од ЕУ, ова би била уште една победа на популистичките движења.
