Претседателот Иванов во посета на Штип

05.12.2016 10:37

Иванов во рамки на престојот во Штип ќе присуствува и на свечената академија по повод 1.100 години од упокојувањето на Свети Климент Охридски, што ќе се одржи во црквата „Свети Климент“ во населбата Сењак.

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска ќе престојува во Штип каде што ќе ги посети на припадниците на Армијата на Република Македонија во касарната „Јане Сандански“.

Како што соопшти кабинетот на претседателот, Иванов во рамки на престојот во Штип ќе присуствува и на свечената академија по повод 1.100 години од упокојувањето на Свети Климент Охридски, што ќе се одржи во црквата „Свети Климент“ во населбата Сењак.