Тенис

Грабул напредува на АТП листата

04.02.2014 11:11

Македонскиот тенисер Димитар Грабул...

Македонскиот тенисер Димитар Грабул и натаму напредува на светската тениска скала. По настапот на „фјучрс“  турнирот во Германија на најновата АТП листа тој е на 521 место.Тоа е негов досега највисок ранкинг во кариерата.Томислав Јотовски е на 814 место.
 
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа на поединечната ВТА листата е 514-та, а во редоследот во двојки се искачи на 413-то место.