На „Ало докторе!“ најмногу повици за респираторни симптоми и настинки

05.12.2016 10:40

На 02/15 123 во изминатата недела се јавиле 1.343 граѓани за совет. Повиците биле од граѓани од сите градови на Македонија и на сите им била дадена здравствена помош со совет и соодветна симптоматска терапија.

Респираторни симптоми, покачена телесна температура, сезонски вируси, настинки и кашлици биле најчести причини за барање совети на телефонската линија Ало докторе! во последната седмица, од 28-ми ноември до 4-ти декември.

На 02/15 123 во изминатата недела се јавиле 1.343 граѓани за совет. Повиците биле од граѓани од сите градови на Македонија и на сите им била дадена здравствена помош со совет и соодветна симптоматска терапија.

Од 15-ти септември 2014-та, кога беше воведена советодавната телефонска линија, на „Ало докторе!“ имало вкупно 122.755 повици. Линијата е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација, а  за медицински совет се достапни 25 доктори.