Финска: Градоначалничка и две новинарки убиени во ресторан

05.12.2016 10:47

Од засега непознати причини, 23-годишен маж со сачмарка пукал неколку пати во главата и телото на жртвите. Според полицијата, се работи за случаен избор на жртвите.

Градоначалничка во Финска и две новинарки се убиени во ресторан во Иматра. Од засега непознати причини, 23-годишен маж со сачмарка пукал неколку пати во главата и телото на жртвите. Според полицијата, се работи за случаен избор на жртвите.

„Бруталното трикратно убиство делумно било планирано, осомничениот носел оружје со некаква намера, возел до центарот на градот, па извршил злосторство. Чинот бил веќе испланиран, но жртвите веројатно биле случајно избрани“, изјави Саку Тиелинен, инспектор.

Иматра е гратче во југоисточна Финска, неколку километри од границата со Русија.